Wednesday, August 12, 2015

Што е Фашизам?

Политичките радикали, најчесто левичарите викаат: „Фашист, фашист!“ кон секој кој не се согласува со нивните гледишта, најчесто оној кој е патриот и десничарски настроен. Најчесто, националистите иако немаат врска со фашизмот, тие се етикетирани како такви.Овој термин е особено популарен помеѓу средношколците и студентите и општо целата млада популација. Но дали овие луѓе знаат што всушност фашизмот е? Дали тие го проучувале овој термин пред да го осудат и етикетираат некого со истиот или тоа им е само единствен контра аргумент со кој можат да се конфронтираат?

Пред да започнеме со разјаснување на работите, не сакаме да се индетификуваме со оваа идеологија, туку да даде кратко разјаснување за истата за оние кои толку лесно го вперуваат прстот и етикетираат.

 За жал, фашизмот незаслужено има лош углед. Без оглед на неговата репутација, Фашизмот има многу разумна економска и социјална идеологија. Постојат неколку различни „вкусови“ на Фашизам, но во основа сите се сведуваат на следново:

Прво и основно, фашизмот е економски систем во кој што владата на една нација игра централна улога во набљудувањето на сите банкарски, трговски, производствени и трудови активности кои се одвиваат во рамките на нацијата. Таквиот надзор се прави со едниствена цел за заштита и напредок на нацијата и нејзините луѓе. За време на фашистичко државно уредување, владата нема да одобри било каква бизнис дејност, освен ако тој бизнис има позитивно влијание врз нацијата како целина и луѓето на нацијата - ова е аксиомата која одредува сè во рамките на еконосмкиот аспект на фашизмот.

Со други зборови, владата прашува: „Дали одредено XYZ претпријатие е добро за нашата држава и нашиот народ?“ Ако одговорот е да, тогаш е одобрено, но ако не, не е одобрено. Кога се прашува „дали е добро?“, се мисли: „Дали претпријатието XYZ е поволно за работниците, дали плаќаат правична плата, дали произведуваат одреден продукт или обезбедуваат услуга која би ја унапредила нашата држава и нашиот народ во однос на технологијата, моралот, здравјето, духот, мудроста и сл.???“ Така на пример, на порнографска компанија нема да ѝ биде дозволено да работи во нашата држава бидејќи порнографијата генерално ги корумпира луѓето и ги деградира жените, експлоатирајќи ги. Исто така, „слободни“ трговски договори (како што САД има со Кина) никогаш нема да бидат одобрени бидејќи таквите трговски договори ќе резултираат со испраќање на работни места во странство, каде што трудот е неценет, со прениска плата. Ваквата активност, се разбира, ќе ја поткопа работничката класа на нацијата, па така ова е целосно неприфатливо и затоа не е дозволено под фашистички економски модел.

Фашизмот се базира врз слободното претприемништво, но со одредени ограничувања (основно ограничение е: дали конкретната економската дејност е добра во однос на нацијата? Исто така, еден бизнисмен во фашистичка земја може да стане богат, без притоа да нема никаков приговор од страна на владата во однос на тоа (ова е остар контраст со комунизмот). Фашизмот, исто така, ја поттикнува приватната сопственост во земјата, за разлика од комунизмот каде е забранета приватната сопственост.

Накусо, фашизмот, во основа им кажува на претприемачите: „Напред, започни бизнис, заработи многу пари, биди успешен, но не произведувај било какви производи и не врши услуги кои што би и наштетиле на нашата нација. И не заборавај да ги третираш работниците праведно и да им плаќаш плата достојна за живеење. Доколку не ги следиш овие правила, ние ќе те затвориме.“

Во однос на банкарството, лихварството не е дозволено во фашизмот. Владата цврсто ги контролира сите аспекти на монетарната политика, вклучувајќи ги и условите на кредитирање. Владата штампа пари, позајмувајќи им ги на граѓаните на кои им е потребно, без камата, со цел пораст економијата, а воедно и служејќи им на своите граѓани.

Горе наведеното го прикажува економскиот аспект на фашизмот. Но, покрај економскиот, фашизмот има и културен и социјален аспект, исто така. Под фашизмот, владата има клучна улога во следењето на: филмот, театарот, уметноста, литературата, музиката, едукацијата и сл. со цел да се задржи висок морален стандард, одржувајќи ги нештата чисти и угледни, промовирајќи силно чувство на патриотизам и чест, и крајно спречување на распространувањето на неморалниот разврат кој што го корумпира општеството во секој поглед.

Што се однесува до политичкото законодавство воведено од страна на една фашистичка влада, истиот критериум се применува: „Ќе има ли сеопшта корист нацијата од предложениот закон?“

Уште неколку други нешта треба да се напоменат. Фашизмот го охрабрува почитувањето на животната средина бидејќи фашистите ја разбираат природата како дарител на животот и на тој начин мора да биде сочувана. Спротивно на оваа филозофија во однос на животна средина е капитализмот кој премногу често зема краткорочен поглед кон природните ресурси и безумно смета дека загадувањето е неизбежен и непосакуван производ на профитот. Исто така, што се однесува до некои прашања поврзани со животната средина, фашизмот застапува многу прогресивни гледишта околу правата на животните кои во капитализмот се жртви на најразлични болни екперименти.

Исто така, во рамките на фашизмот, доколку некому не му се допаѓаат работите во државата, тој можи да ја напушти истата, за разлика од комунизмот каде што ако не ви се допаѓаат работите во државата, имате само да молчите. И се разбира, нема можност за напуштање на државата. Или ќе се одкажете од потрагата по подобар живот или ќе бидете испратени во ре-едукативен логор, каде што ќе треба комунистичкиот систем да биде прифатен. Во спротивно, доколку се продолжи со спротиставување, поединецот ќе биде најверојатно убиен.

Понатаму, фашизмот ги држи жените во многу голема почит бидејќи жените се носители на новиот живот. Од жените се очекува тие да бидат едуцирани, на светско ниво, и добро начитани. Жените се охрабрени да ги извршуваат своите интереси и да имаат кариера, но само доколку кариерата не се меша во нивните семејни потреби; семејството е на прво место - секогаш. Жените се охрабрени да бидат силни, но пред сè женствени. Во согласност со овие идеи, фашистичката уметност, често ги отсликува жените херојски, дури и како божици.
На кратко, фашизмот е форма на владеење и социјален систем кој автентично им служи на интересите на луѓето и на нацијата како целина. Зборот „фашизам“ доаѓа од италијанскиот збор „fascio“ што значи „група“ или поконкретно „имајќи ја во предвид групата.“ Фашизмот е вкоренет во идејата дека луѓето мора да останат верни на два ментални концепти во текот на нивниот живот: 1) потребите на поединецот; 2) потребите на групата (нацијата) - истовремено, секогаш проценувајќи како дејствијата на поединецот се одразуваат врз групата. На тој начин, фашизмот го отфрла егоцентричниот индивидуалистички менталитет кој е толку многу застапен во капитализмот. Така на пример, во една фашистичка држава од секој човек се очекува да одржува здрава исрахана и здрав начин на живот. Зотоа што во спротивно, нездравиот начин на живот може да доведе со сериозно заболување на поединецот на кого би му била потребна скапа здравствена грижа; ова негативно би се одразило врз државата и нацијата бидејќи поединецот станува финансиски терет врз државата.


Продолжувајќи ја оваа мисла, во рамките на фашизмот сите припадници на еден етникум се сметаат за поголемо семејство на тој човек. Оттука, фашистичката нација се смета за едно огромно семејство од неколку милиони луѓе. Според тоа, како што еден чоевек не смее да му се наштети на неговиот брат или сестра во неговото потесно семејство, така тој согласно фашизмот не смее да му наштети на поголемото семејство т.е нацијата/групата. Ова е суштината на фашизмот - големо внимание врз нацијата балансирано со одреден индивидуализам.

За време на Третиот Рајх, Националсоцијалистичката германска работничка партија т.е. Национал-Социјалистите ги следеа сите аспекти на погоре опишаниот фашистички систем.

Но, иако фашизмот е базирано на слободен пазар, фашизмот не е капитализам. Многу од политичката левица, како и од антифашистичките здруженија, организации и активисти го изедначуваат фашизмот со капитализам. Но, тоа воопшто не е така, а еве и зошто: главната цел на капитализмот е профитот. Од друга страна, примарната цел на фашизмот е благосостојбата на граѓаните на една држава и благосостојба на нацијата како целина. Во една чисто капиталистичка земја т.е. супер-капиталистичка, речиси ништо не може да се меша со максимизирање на профитот - ниту работниците, ниту животната средина. Дури и кога една капиталистичка земја почнува со помали владини регулативи/прописи, тоа секогаш води кон економија со минимално вмешување на владата во бизнис аферите на поединците во општеството, со се помалку владини регулативи, што всушност е супер-капитализам. Човековата алчност ја води оваа трансформација, и на крајот страда работничката класа преку пониски плати или губење на работни места. Капиталистите веруваат дека сè магично ќе функционира само по себе, но тука најчесто страдаат работниците и животната средина. Само еден пример, десетици милиони производствени работни места беа испраќани во странство (на пр. во Кина, каде трудот не е воопшто правично платен) во последните две децении, како одраз на т.н. политика за слободна трговија. Па така, како што фашизмот строго се спротивставува на комунизмот, така би му се спротивставил и на капитализмот кој ги експлоатира работниците.

No comments:

Post a Comment