Thursday, September 15, 2016

Национализмот како одбранбен механизам


Сè повеќе сме сведоци на растот на национализмот, а и ние самите како Национална Борба сме националисти, и го практикуваме национализмот (етно-национализмот поточно, иако општата форма делумно е сватена како таква) како вредност. За жал денес, тој е под постојано оцрнување, и за него се изнесуваат сосема погрешни факти и лаги, што немат допирни точки со истиот.


Национализмот во суштина произлегува од чуството на родољубие т.е познато како патриотизам, и е негов производ, но во политички облик. Тој не може да се дефинира само со две реченици, и давање на една проста негова дефиниција. За да се објасни национализмот, е потребно да се опфатат сите негови аспекти, и да се даде негова целосна слика за тоа што претставува , и кои се потребите и исползувањата од национализмот, а и неговите залагања.


Национализмот самиот по себе претставува возвишување на својата култура и нација, односно голема љубов кон својата нација и сопствената култура. Национализмот е позитивна особеност на секоја култура, бидејќи претставува одбранбен механизам на нацијата да се заштити од туѓите влијанија, кои доведуваат до губење на значајни особености од националната култура и националното богатство.


За тоа како делува национализмот ќе се послужиме со еден најпрост пример. Нашиот организам е под постојани напади на бактерии, болести, кои сакат да му нашетат на нашиот организам и да доведат до негово ослабување, а и потоа уништување. Но за да не дојде до вакви несакани последици, нашиот организам го развива имунитетот како одбранбен механизам кој се бори против болестите, и не дозволува тие да му нашетат на организмот. Имунитетот им пружи отпор на болестите со идентификација и уништување туѓи и несвојствени за организмот супстанци и организми.

Токму тоа што е имунитетот за нашиот организам е национализмот за културата и нацијата. Национализмот претставува способност на културата да ги препознае сите елементи кои имаат за цел да ги променат моралните вредности, кои влијаат врз човекот на секој начин, и кои имаат за цел промена на традицијата. Сите овие туѓи влијанија кои имаат за цел промена на националната култура се препознаени од страна на национализмот, кој делува за нивно целосно отстранување, со што се заштитува националната култура.

Националистот како личност живее со строги морални вредности, кои тој ги почитува и љуби и кои претставуваат светост за него.

Националистот го вреднува својот мајчин јазик и не дозволува странските изрази да ги употребува во својот говор, но тоа не значи дека националистот не го сака и почитува дијалектот, туку напротив тој го цени и користи како локален белег на својата национална култура. При пишувањето, македонскиот националист, во случајов, користи исклучиво кирилица.

Почитувањето на верата е исто така доста важно, без разлика за каков верник се работи (христијанин, родновер, одинист). Таа не учи на заедништво, на меѓусебно помагање, на одржување постојани блиски врски со нашето поблиско и пошироко семејство, кое го одржува сплотено и силно. Па доколку, семејството, кое е јадрото на секоја заедница, е силно, следователно и заедницата е силна, како резултат на кохезијата што е воспоставена преку верата.

Покрај тоа што националистот се грижи за своето семејство, култура и верата, тој покрај тоа што го одржува жив духот на неговото племе, тој исто така цели кон негов психо-физички развој. Националистот постојано стекнува нови знаења преку читање книги, списанија и др., што дополнително ја зголемуваат неговата свесност и разумност, го зацрстуваат неговото политичко убедување, а исто така и неговата волја, која е многу битна. Исто така, тој и физички го развива своето тело, бидејќи доколку внатрешно си здрав, треба и надворешно. Националистот мора да е физички активен, а тоа се постигнува преку тренирање на спортови, од кој повеќе целискоходност во секојдневието можеме да најдеме во борбените спортови, и бодибилдингот, и со тоа се развива един вид воинствен дух.
Можеби малку забележително, но национализмот е и почитување на природата, бидејќи таа е убавината на нашата татковина и поради тоа националистот своја животна средина ја чува чиста и незагадена, а се разбира, и самиот тој, бидејќи е дел од неа, не консумирајќи ја денешната дегенерирана и вештачка храна. Оние националист кои имаат можност се занимаваат со фармерство т.е одгледување на својата храна, како дел од традиционалниот живот, што е цел на секој националист, бидејќи нема поим кој подобро го надополнува национализмот од традиционализмот од каде и самиот тој потекнува. Тоа во некои од стрејт еџ круговите е во поизразена форма, преку практикување на вегетаријанизам и веганизам.

Ова е сеуште еден мал аспект од тоа што е национализмот, и колку е тој значаен и потебен за една национална култура, за нејзината заштита од туѓите влијанија и глобализацијата. Со тоа можеме да донесеме еден логичен заклучок, а тоа е дека национализмот не е болест, тука напротив претставува лек за негативните влијанија на модерниот свет, кој во секој поглед ги ослабува нашите општества, и е целосна спротивност со една од основите на национализмот, а тое е самозаштитата.
 

No comments:

Post a Comment