Friday, January 6, 2017

Крвавиот Божиќ во Македонија

По повод Божиќните празници ќе зборуваме за уште едно србо-комунистичко злосторство во Македонија извршено токму на овој голем христијански празник, токму од страна на т.н „народна“ власт. Оваа несреќна судбина за овие „политички некоректни“ македонски семејства е позната во историјата како Македонскиот крвав Божиќ. Карактеристично е што ова злосторство врз Македонците е извршено во време кога се прават обиди за создавање на Балканската федерација во чиј состав требало да влегува и тогашната Народна Република Бугарија, а оние кои се тероризани се обвинети за „бугараши“.

Имено, само на 7-ми јануари, 1945 год., првиот ден од Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски - секретар на КПМ, во Народна Република Македонија, односно Вардарска Македонија, без суд и пресуда се убиени 1200 Македонци со обвинение дека се „бугараши“, „соработници на фашистичкиот окупатор“, „ванчомихајловисти“, „ВМРО-овци“. Исто така, во следните седмици во Охридско и Преспанско се убивани цели семејства, по што телата им се фрлани во Охридското или Преспанското езеро или чукарите на планината Галичица, во близина на селото Отешево. Сè на сè, утвреден е маскрот над 23 000 Македонци - родољуби, интелектуалци, а други 130 000 се иселени, прогонети или испратени во концентрациониот логор „Голи Оток“ или затворот „Идризово“. Само на првиот ден од Божиќ, во Скопје се убиени 63 души, во Велес - 54, Куманово - 48, Битола - 36, Штип - 77, во Прилеп 35, а во близина на селото Владимирово, Беровско, се убиени 330 души.

Важно е да се знае и како „народната власт“ се справила со македонските партизани. На 26-ти декември, 1944-та, во касарните во Скопје и Штип, се побуниле неколку илјади војници и над 100 офицери, бидејќи не биле согласни со наредбата од Белград, со која требало да одат да ја заштитуваат Србија. Наместо тоа, тие сакале да тргнат кон Солун и да ги ослободат своите сонародници од Егејот - настан познат како Војничи бунт. Но, Титовите пратеници - Светомир Вукомановиќ - Темпо, Лазар Колишевски и ген. Михајло Апостолски одлучуваат дека ова е вистинскиот миг да расчистат со приврзаниците на „бугарскиот окупатор“. Тие ги собираат околу себе српските офицери и им кажуваат дека бунтовниците се „ВМРО-овци“, „бугараши“, „ванчомихајловисти“. Ген. Апостолски ги примамува македонските разбунтувани офицери во Офицерскиот клуб во Скопје за да разговараат за прашањето. Таму веднаш ги разоружуваат, апсат и ги затвораат во подземјето на скопската крепост „Калето“. По краток распит, воден лично од Темпо, само за неколку часа се стрелани над 70 офицери, пред чија смрт Темпо на секој офицер му велел: „Хочеш Солун, ево ти га...“ Војниците кои веќе се прибрале во касарните, почувствувале дека со нивните офицери нешто се случува и околу 1000 од нив повторно се упатиле кон центарот на Скопје. Таму се пресретнати од добро забарикадираните српски офицери, кои започнуваат безмислосна стрелба против нив. На плоштадот имало околу 100 убиени, а околу 900 се уапсени и затворени во занданите на Калето. Таму се држани повеќе од еден месец без храна, вода и прекривки, па така скоро сите умираат од глад и студ. Потоа, како што кажавме, вечерта на 6-ти наспроти 7-ми јануари, започнува масовно истребување на градоначалници, свештеници, учители и обични селани низ цела Македонија. Како изговор се користел штотуку изгласаниот Закон за заштита на македонската национална чест кој траел сè до 1991г., а со кој власта жестоко се справувала со секој кој не бил подбен на србо-комунистичката политика.

Истата судбина која ги снашла македонските партизани и Македонците кои биле дел од администрацијата 1941-45, како и ВМРОвските семејства, ја снашла и македонската интелегенција, а чисти примери за тоа се адвокатот Илија Коцарев од Охрид , д-р Димитар Гјузелев од Дојран , инж. Димитар Чкатров од Прилеп , д-р Константин Робев од Битола, инж. Спиро Китанчев од Скопје , д-р Асен Татарчев од Ресен - брат на д-р Христо Татарчев -  основоположникот на ВМРО, Роза Којзаклиева учителка од Штип и други поборници за Независна Македонија.

Вечна Слава на сите кои се бореа за слобоодата на татковината, а беа убивани во името на зачувувањето на „националната чест“.

No comments:

Post a Comment